Како пчелите го носат поленот

Нектарот го собираат така што го пијат и потоа го складираат во еден вид на пред-стомак, додека поленот го собираат во „кошничка“ односно површини на задните нозе во облик на лажичка, опкружени со цврсти влакна. (Можете да ја видите жолтата „кошничка“ на сликата, кај задните нозе на пчелата).

За да дознаат како овој товар влијае на летањето на пчелите и бумбарите, научниците од Харвард ставиле пчели и бумбари во ветерен тунел и го снимале нивното движење, а нектарот и поленот ги симулирале со помош на челични топчиња кои ги лепеле на нозете кај кошничката за полен, или на грбот, веднаш над стомакот за нектар. Така, пчелите и бумбарите биле за 15% потешки, а во просек можат да носат околу една четвртина од својата тежина во полен и нектар.

Научниците откриле дека има разлика во начинот на летање. Пчелите кои го носеле товарот на нозете биле постабилни, но потешко ја менувале насоката, додека пчелите со нектар на грбот можеле полесно да се движат цик-цак низ воздухот. Иако разликата била само 2,3%, на ветровит ден, тоа може да биде од големо значење.

Ова истражување не ги испитувало пчелите кога носат и полен и нектар заедно, но сугерира дека тие имаат придобивки кога ја прилагодуваат храната на времето – полен кога е ветровито, нектар кога е мирно.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt