Прополис чувар на имунитетот

Присутноста на прополисот во нашето тело е многу важна, зошто таа супстанција ги потсетува имуните ќелии на нивната обврска спремно да ги дочекаат причините за бројни болести а со тоа и ефикасно да го заштитат организмот.

Како перфектен фармацевт, пчелата ни покажува како да користиме прополис: така што ќе го чуваме во куќата, како таа што го чува во кошницата. Грутка прополис, тешка 40 до 50грама, треба да се стави во секоја просторија каде човекот одмара и спие.

Со неговото присуство и испарувачки мирис, прополисот дејствува на квалитетот на воздухот во просторијата а освен тоа го дезинфизира просторот во кој живееме. Со гмечење на прополисот во текот на денот, вршиме дезинфекција на рацете. Кај пушачите тоа делува на намалување на желбата за пушење на тутунски чад..

Се препорачува прополисот во во природна состојба да се набави од пчелар, или од саем на мед – каде директно се доаѓа до пчеларите: во капки, мелен или грутки. На пазар често може да се најде во шишенца на кои пишува прополис капки ( и тоа во разни проценти, најчесто 20-30 проценти) но и не мора да значи. Прополисот наоѓа примена на многу начини во случај на разни болести.

enauka.mk
9,257наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,295денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.