Жирафите спијат во просек околу 30 минути дневно и тоа обично го прават само по неколку минути наеднаш. Поради ваквиот начин на спиење, до 1950 година, научниците дури сметале дека жирафите воопшто не спијат. Но, изгледа дека, како и секој друг цицач и жирафите мора некогаш да дремнат.
И покрај тоа што се највисоки животни, жирафите мора да внимаваат на грабливците. На жирафата – со толку долг врат и долги нозе и треба време додека стане, откако ќе легне. Затоа, тие развиле навики за спиење кои се кратки, за да избегнат поголема непријатност.
Жирафите имаат проблем и со пиењето вода. Иако имаат долг врат, тој не е доволно долг за да допре до земјата (па мораат да се бават со акробатика за да се напијат вода). За среќа, тие успеваат да ја добијат водата што им е неопходна преку растенијата со кои се хранат.
Иако ретко легнуваат да спијат, тие изгледаат многу симпатично кога спијат, бидејќи своето тело на необичен начин го користат како совршена перница.
Веројатно е добро што не спијат долго, инаку сигурно би се разбудиле со прилично незгодни болки во вратот.