Физички активности за подобар сон

Доктор Мајкл Грандрен и неговиот тим ги проучувале податоците од речиси 430.000 возрасни лица за типот за физички активности со кои тие најчесто се занимаваат, плус податоците колку време дневно спиеле. Истражувачите потоа измериле дали наведените активности (вкупно 10) се поврзани со вообичаеното време на спиење, споредено со лицата кои не вежбале или повеќе сакале да пешачат.

Во споредба со лицата кои не вежбале претходниот месец, сите типови на физичка активност – аеробик, возење на велосипед, градинарство, трчање, јога, дигање на тегови, пилатес, допринеле за подобрување на квалитетот на сонот. Единствени активности кои лошо влијаеле на спиењето биле домашните работи и грижата околу децата.

Лицата кои повеќе сакале да пешачат, исто така имале поздрави навики за спиење, иако лицата што вежбале спиеле подолго.

Според друго истражување, објавено во „Mental Health and Physical Activity“, 150 минути умерено до интензивно вежбање неделно, доведува до подобрување на севкуниот квалитет на спиењето за 65%.

enauka.mk
9,241наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.