Како влијаат миризливите свеќи врз нашето здравје?

СПОДЕЛИ

Сите ние сакаме миризливи свеќи, особено во зима кога го поминуваме дома поголемиот дел од времето. Но, експертите велат дека свеќите имаат токсичен хемиски состав.

“Нема причина за грижа доколку миризливите свеќи се користат еднаш до два пати неделно во проветрена просторија, но треба да размислите доколку палите по неколку свеќи секојдневно во мала и затворена просторија, особено во бањата, вели Хедер Патисол, професор по токсикологија од Универзитетот во Северна Каролина.

Ова се трите начини на кои миризливите свеќи можат да му наштетат на здравјето, и како да се избегне опасноста доколку и понатаму сакате да ги користите:

1. Повеќето свеќи содржат токсични супстанци

Многу свеќи се направени од парафин, материјал кој се добива како дериват на нафта од битуменозни шкрилци, и катран од камен јаглен. Парафинот може да содржи хемиски соединенија како бензен и толуен кои се ароматични канцерогени јаглеводороди.

Мирисите кои се додаваат во свеќите можат да имаат фталати, хемикалии кои ги пореметуваат хормоните, предизвикуваат неплодност, феминизирање на машкиот плод и карцином. Горењето на неколку свеќи не изложува на одредено ниво на формалдехид и ацеталдехид, кое ја надминува вредноста кога се работи за ризикот од заболување од рак.

2. Можат да ги зголемат симптомите на астма и алергија

Една студија на Американското хемиско здружение открива дека хемиските загадувачи кои се наоѓаат во парафинот можат да предизвикаат проблеми кај луѓето кои патат од астма и алергии. Дури и парафинот без мирис или на база на соја може да создаде токсини кои го влошуваат квалитетот на воздухот во внатрешен простор и да предизвикаат проблеми со дишењето.

3. Старите свеќи можат да предизвикаат труење со олово

Една студија од Универзитетот во Мичиген покажува дека некои фитили што содржат олово, кои кога свеќата гори повеќе од два часа може да предизвика труење. Чадот кој настанува од свеќата кој има олово може да создаде прекривка на мебелот или тепихот исто како пасивното пушење, и може многу да наштети на здравјето на децата.

Дискусија

Коментари