Канадската војска истражува мистериозен звук што доаѓа од дното на Арктикот

Мистериозен звук што изгледa како да доаѓа од дното на морето во близина на Нунавут во Канада, веќе со месеци ги вознемирува локалните жители.

Звукот, кој го опишуваат како „пинг“ или „бип“, наводно доаѓа од некој дел од морското дно во теснецот Хекла и Фури, па очајните жители побарале помош од војската.

Нунавут е најновата, најголемата и најмалку населената област во Канада, која се наоѓа најсеверно, во близина на Гренланд. Во Нунавут живеат околу 31.000 жители на површина од 1.750.000 км2 и на оваа територија се наоѓа најсеверното, постојано населено место – Алерт.

Населението главно се бави со лов на големи животни, како фоки, китови и ирваси. Теснецот Хекла и Фури е примарно место за лов, бидејќи претставува полинија – односно отворена пoвршина од вода обиколена со мраз, што многу видови на цицачи ја користат како место за исхрана и како засолниште во зима.

Но, ова се сменило во текот на летото, кога жителите забележиле дека животните оваа година како да заминале на друго место и велат дека тоа било отприлика во исто време која се појавил чудниот звук.

Жителите се посомневале дека звукот е предизвикан од хидролокаторските истражувања што ги спроведува една рударска компанија, но официјалните лица од компанијата негираат дека имале било каква опрема во водата во тоа време.

Некои ја обвинуваат организацијата Гринпис дека поставила хидролокатор во теснецот за да ги спасат животните од лов. Гринпис, исто така ги негираше обвинувањата.

arc

Доколку овој звук навистина постои – бидејќи мора да се нагласи дека досега истражувачите не го потврдиле ова, најголема загриженост претставува фактот декa тоа му штети на живиот свет. Бидејќи, за разлика од необичниот пискав звук што истражувачите го детектираа во Карипското море минатиот јуни, оваа појава се чини дека не е природна.

Претходно оваа година, беше донесена значајна пресуда  во Калифорнија, која вели дека со употребата на хидролокаторските системи со ниска фреквенција, што американската морнарица ги користи во мисите за обука, го крши Законот за заштита на морските цицачи, бидејќи за китовите, делфините и моржовите, звукот служи за ориентација при движење во морето.  

Исто така, едно неодамнешно истражување покажало дека некои видови риби испуштаат звуци во хор, од утро до мрак, во периодот на парење, за одредување на територијата или во потрагата по храна.

Звукот што одекнува од морското дно, кој наводно е толку силен што се слуша низ трупот на бродовите, би можел да предизвика огромна штета на овие комуникациски системи.

Како што известува „CBC News“, Министерството за одбрана на Канада, веќе отворило истрага во врска со овој случај.

Поддржете ја нашата работа: