Ќе одгледуваме глуварчиња за автомобилски гуми

Реакцијата е разбирлива, со оглед на тоа дека луѓето мислат дека тоа се обични жолти цветови кои ja напаѓаат градината.

Тимот се натпреварува со други тимови низ целиот свет за  одгледување и модифицирање на еден вид глуварче кој потекнува од Казахстан чиј главен корен дава млечна течност со гумени честички.

Интернационалните произведувачи на гуми „Bridgestone Corp“ и „Continental AG “ ги поддржуваат и финансираат истражувањата.

Раните знаци се добри и во мал експериментален обид приносот на гума од  глуварчињата е  на исто ниво со најдобрите насади на гума во тропските предели на Азија (1500 кг по хектар).

Во иднина се планира модификација на глуварчињата за да овозможат поголеми приноси како и можност за автоматско собирање на истите. Во Германија, тим на научници одгледува глуварчиња кои достигнуваат висина до 30 см. но исто така и правецот на листовите е променет, за машината да може полесно да ги прибере.

Индустријата на гуми, која троши околу две-третини од природната гума во светот, веќе долго време се чувствува непријатно поради монополот  на југоисточните предели во Азија чиј приход од извоз на гума изнесува 25 милијарди долари годишно.

Направен е бизнис-план заклучно со 2020 година за садење, наводнување и берба на глуварчињата.

Одзивот на земјоделците е одличен. Глуварчето навистина го чека блескава иднина во индустријата со гуми.

Одгледувањето на глуварчиња може да биде идеално за Р.Македонија која е веќе препознатлива земја во автомобилската индустрија и регион кој има идеални услови за одгледување на глуварчето. Затоа надлежните треба што поскоро да се заинтерсираат за овие истражувања и да се обидеме да влеземе меѓу првите држави кои би ги одгледувале овие нови сорти.

 

Поддржете ја нашата работа: