Зошто авионските гуми никогаш не експлодираат при слетување?

Авионските гуми се надувани на 13,789 бари, што е шест пати поголем притисок од оној кој се користи за пневматиците на автомобилот.

Она што ги плаши луѓето од летањето со авион се пад на авионот, лет низ невреме, судир со птици, дефект за време на летот, незгоди при слетувањето и сл. Но, дали на некој му паднало на ум, дека може да пукнат пневматиците при слетување?

Не, не морате да се грижите дека ќе се случи тоа. Но, фактот е дека пневматиците секогаш имаат директен судир со пистата при секое слетување и при тоа никогаш не експлодираат е навистина за воодушевување.

Секоја гума е дизајнирата да издржи страшно голем товар од 38 тони и може да се судри со пистата со брзина од 270 километри на час, а кај некои модели ударот со пистата се случува и на 460 километри на час. И тоа може да се повтори повеќе од 500 пати пред да се однесат пневматиците на контрола.

Многу авиони имаат и поголем број на гуми кои го апсорбираат првиот удар со земјата при слетувањето. На пример Боинг 777с има 14, а Ербас А380 има 22, додека Антонов Ан-255 32 гуми.

Авионските пневматици се направени од изржлив најлон и арамид. Но, она што всушност ги прави толку јаки е: воздухот под исклучиво голем притисок.

Поддржете ја нашата работа: