Кина ја легализира продажбата на рог од носорог и коски од тигар за медицински цели

Кина најави дека ќе дозволи ограничена продажба на производи од коски од тигар и рог од носорог, што наиде на критика од активистите за заштита на животните.

Продажбата на одредени производи добиени од прав од коски на тигар или од рог на носорог може да биде дозволена во посебни околности, – соопшти кинеската влада.

Овие производи се користат во традиционалната кинеска медицина, но истата пракса ја оспоруваат некои од научниците.

За користење на препаратите ќе биде потребно посебно одобрение, се наведува во документот потпишан од кинескиот премиер Ли Кечијанг.

Овие лекови ќе можат да ги препишуваат само доктори од болници кои се признати од страна на Националната управа за традиционална кинеска медицина.

Нивната примена и трговијата ќе бидат строго контролирани – се наведува во документот.

Кина во 1993 година воведе забрана за трговија на овие производи.

Маргарет Кинерд од Светскиот фонд за заштита на дивите животни (WWF) предупредува дека легализацијата на трговија со производи од убиени животни е параван за легална трговија и ќе допринесе за зголемување на побарувачката на таквите препарати.

Поддржете ја нашата работа: