Кина на врвот на листата за најмоќни суперкомпјутери

Прекината е светската доминација на Соединетите Аерикански Држави, кога се работи за најбрзите компјутери во светот, пишуваа „ВВС“.

Ова е само втор пат во последните 24 години, САД  да не се најдат на самиот врв на листата на земјите со најмоќни компјутери во светот.

Последен пат кога САД не биле на некое од првите три места на оваа листа било во 1996 година.

Првите две места ги завземаат кинеските компјутери „Sunway TaihuLight“ со 93 петафлопси (petaflops) и „Tianhe-2“ (Milky Way-2) со 33,9 петафлопси.

Еден петафлопс значи дека комјутерот може да изведе илјада трилиони операции во секунда.

На третото место сега се наоѓа швајцарскиот „Piz Daint“ систем , кој го потисна „Cray XK7“ на амерканското министерство за енергетика на четвртото место.

Швајцарскиот компјутер кој е инсталиран во националниот  суперкомпјутерски центар е надграден и сега поседува моќност од 19,6 петафлопси.

Американскиот „Cray XK7“ има моќност од 17,6 петафлопси и се наоѓа во Националната лабораторија Оак Риџ во државата Тенеси.

Во првите 10 на оваа листа САД имаат пет претставници, но се очекува Националната лабораторија Оак Риџ да се искачи меѓу првите три кога  ќе го  вклучи  суперкомпјутерот „Summit“ со моќност од над 100 петафлопси.

Јаапонија моментално работи на својот суперкомјутер „AI Bridging Cloud“, кој кога ќе биде завршен ќе биде со моќност од 130 петафлопси.

 

Поддржете ја нашата работа: