Кога да се почне со фолна киселина ?

Истражувањето, засновано на населението во Велика Британија, и систематскиот преглед, го оценуваат ефектот на фолната киселина за време на бременоста и ризикот на бебето за „SGA“ при раѓањето, што се дефинира како родилна тежина помала од најниските 10 % кај испитуваните бебиња.

Малата гестациската возраст е поврзана со зголемениот неонатален морбидитет и морталитет и зголемениот ризик од хронични заболувања подоцна во животот, како што се дијабетес, хипертензија, дебелина, кардиоваскуларни болести и ментални здравствени проблеми, се вели во истражувањето.

Фолната киселина веќе покажа дека го намалува ризикот од дефекти на невралната туба, како што е спина бифида, и се препорачува жените да конзумираат фолна киселина пред забременувањето. Сепак одзивот е се’ уште на мало ниво.

Репрезентативниот примерок е со средна мајчинска возраст од 28,7 години, просечен индекс на телесна маса 24,7, а 42% биле прв пат мајки. Покрај тоа, поголемиот дел биле непушачи (81,7%).

Од вкупно  108.525 бремености со информации во врска со фолната киселина, 84,9% земале фолна киселина за време на бременоста. Највисока стапка на „SGA“ е забележана кај  бремености во кои не е конзумирана фолна киселина, со 16,3% под 10 центили и 8,9% под 5 центили.

Потребни се понатамошни истражувања фокусирани на тоа како фолната киселина има ефект врз родилната тежина и како може да биде оптимизирана дозата на суплементи  кај жените кои имаат поголем ризик од„SGA“, додаваат  авторите.

Зголемувањето на примената на фолната киселина пред бременоста и во текот на првото тромесечје може да има значајни јавни здравствени придобивки со оглед на лошите исходи поврзани со „SGA„ кај бебињата. Новите стратегии се од витално значење за подобрување на животот на мајките и бебињата.

Почитувани пријатели  моментално сме во тест период на интернет порталот за наука и технологија enauka.mk . Нашата идеја е да создадеме медиум преку кој ќе се запознаваме со најновите релевантни светски истражувања и достигнувања, кои треба да придонесат како за поголема инволвираност на стручните лица и државните институции така и за поттикнување нови идеи и критичко размислување кај сите нас.

Вашата поддршка со коментари и сугестии ни значи многу во овој наш развоен период и за тоа сме Ви однапред благодарни!     

{loadposition like_article}
Поддржете ја нашата работа: