Која е разликата меѓу алигатор и крокодил?

Иако алигаторот и крокодилот личат еден на друг, всушност се две сосема различни животни. По што може да ги разликувате?

Двете животни му припаѓаат на ист род (Crocodylia).

И крокодилот и алигаторот се опасни како битија. Имаат долги опашки, оштри заби, а кратки нозе. Интелигентни се, ладнокрвни, обожаваат да пливаат, имаат вертикална зеница која се шири при слаба светлина, благодарение на кои и се одлични ловци. Нивните опашки се мускулести, а иако делуваат тромаво сепак брзо се движат.

Кога зборуваме за разликите, крокодилите имаат кафеава боја на кожа, подолги опашки, лик кој е пошилест и наликува на буквата V, а четвртиот заб им се гледа додека устата им е затворена. Побројни се, и ја населуваат Централна Америка и добар дел од источната хемисфера на планетата. За разлика од алигаторите, крокодилите се многу поагресивни.

Од друга страна, алигаторите имаат имаат потемна, позелена кожа и пократка глава со поблаг облик кој наликува на буквата U. Алигаторите имаат помала популација, и главно живеат во Јужна Америка и јужните делови на САД, со мал дел и во Кина.

Додека крокодилите можат да се најдат во морски води, алигаторите исклучиво ќе ги пронајдете во слатки води.

Поддржете ја нашата работа: