Можете да процените дали е некој богат или сиромашен уште на прв поглед

Луѓето во принцип можат да донесат прилично добри проценки за материјалната состојба на одредена личност уште на прв поглед, вели новото истражување. Тимот кој работел на проектот вели дека тоа можеби ќе објасни како предрасудите помагаат во одржување на циклусот на сиромаштија.

Психолозите од Универзитетот во Торонто откриле дека луѓето се умерено точни во предвидувањето дали некој е побогат или посиромашен, само додека ги гледаат луѓето во лице на фотографија.

Можете и сами да пробате да погодите на сликата подолу. Студијата е неодамна објавена во списанието Journal of Personality and Social Psychology.

Четирите лица од квадратите А и C се сиромашни, и четирите лица од квадратите B и D се богати.

“Ова укажува дека нешто што е суптилно, како сигналите на вашето лице за вашата социјална класа всушност може да го одржи тоа мислење. Овие први впечатоци можат да станат некој вид пророштва кои ќе влијаат на вашите интеракции и можности кои ги имате”, вели авторот на студијата Thora Bjornsdottir.

Учесниците биле наведени да погледнат низа од фотографии кои прикажуваат неутрални лица на луѓе. Испитаниците морале да донесат брза одлука за впечатокот дали некој заработил помалку или повеќе од просечниот семеен приход. Повеќе од 53 отсто од проценките биле точни. Факторите како што се расата и полот не влијаееле на резултатите.

“Луѓето всушност не се свесни за она што го користат кога даваат вакви проценки”, вели Bjornsdottir. “Ако ги прашате зошто и како, тие не знаат. Не се свесни како го прават тоа.”

Истражувањата покажуваат дека перцепцијата на некоја социјална класа е предвидлива само доколку нечие лице е безизразно и неутрално. Штом лицето се насмее или се налути, сите облози се исклучени. Научниците тврдат дека таа способност е возможна поради општите навики на истражувањата кои се интегрираат во нашиот неутрален израз. Ако лицето има богат живот, теоријата вели дека тоа станува врзано за лицето на личноста.

 

Поддржете ја нашата работа: