Крокодили од Африка мутираат во сосема нов вид

Звучи необично, но постојат портокалови крокодили кои живеат во африканските пештери во целосна темнина.

За прв пат се откриени уште во 2008 година во една пештера во Габон. Крокодилите се долги 1,5 метри и се хранат со лилјаци и инсекти. По внимателно проучување, експертите дошле до заклучок дека овој вид крокодил е мутиран од друг вид, бидејќи на почетокот на истражувањето се сметало дека портокаловиот крокодил припаѓа на видот на џуџести крокодили.

Научниците од Институтот за истражување и развој од Марсеј пронајдоа 30 животни во една пештера, вклучувајќи и 10 портокалови крокодили. Тие претпоставуваат дека таму има повеќе крокодили, но тие се кријат во подлабоките делови на пештерите каде што има вода .На нив било извршено генетско тестирање, а резултатите покажуваат дека тие се разликуваат од нивните роднини, т.е. џуџести крокодили.

“Можеме да кажеме дека имаме еден вид кој мутира, бидејќи пештерскиот крокодил веќе има различен генетски код. Тој се храни поинаку и се прилагодува на подземното опкружување”, објаснува лидерот на истражувањето д-р. Ричард Озисли.

Младите крокодили можат да излезат од пештерата низ бројни мали отвори, но откако ќе пораснат, тие остануваат заробени во пештерата, па затоа мора да се хранат со она што го наоѓаат за да преживеат.

“Тие се во еден вид затвор”, вели Озисли. Бидејќи во пештерите живеат многу лилјаци и инсекти, тие станале нивна главна храна. Нивната необична портокалова боја е резултат на животот во мешавина на вода од пештерите и измет од лилјаци.

Гените пронајдени во овој крокодил не се совпаѓаат со гените на џуџестиот крокодил. Разликата веројатно настанала пред 1000 години. Африканскиот џуџест крокодил е ноќно животно, подобро гледа и лови во темнина. Портокаловите крокодили живеат слично, но тие не припаѓаат на џуџестиот вид, како што досега се мислеше.

Поддржете ја нашата работа: