„New York Times“ со една неодамнешна статија, советувајќи ги сопствениците да не дозволуваат нивните сакани миленичиња да ги лижат нивните лица, си создаде многу непријатели. Овој натпис, иако се смета за контроверзен, ја подигна свеста за тоа колку често се случува сопствениците да се разболат од своите миленици.
Во октомври 2016-та година, д-р Ниланџан Нанди, професор асистент по медицина на Универзитетот Дрексел изјави за „New York Times“ дека сопствениците треба да го избегнуваат контактот уста со уста бидејќи устата на кучињата е основа за развивање на габи, вируси и бактерии.
Што станува тогаш со фактот дека плунката на кучињата има „лековити својства“ кои помагаат при заздравување на раните? Според Нанди, тоа е се́ уште точно, но плунката е наменета да лекува само кучешки рани, а постојат и некои организми во устата на кучињата што човечкото тело едноставно не може да ги толерира.
Постојат голем број на болести кои може да се пренесат од кучињата на човекот, а едни од најчестите се гастроинтестиналните проблеми предизвикани од паразити, бактерии или вируси.
„Бидејќи кучињата често се лижат околу анусот, тие може да соберат јајца од некој паразит во плунката. Па треба ли да им се дозволи на кучињата да го лижат лицето на вашето дете? Одговорот е краток…не!“ – изјавува д-р Мери Бет Лајнингер, потпретседателот за ветеринарни односи од „Hartville Pet Insurance Group“.
„Во моето искуство сум видел многу кожни и респираторни алергии, телесни габи како што е дерматофитозата, и пренос на Лајмска болест од крлеж кој скока од животното на човекот“ – вели д-р Џозеф Маскера , главен медицински директор и основач на веб-страната „ saludmovil.com“.
Кучињата не се единствените од кои може да се разболеме, треба да бидеме внимателни и со мачките. Додека тие не јадат измет, сепак може да го имаат на своите канџи и да настане проблем ако ве изгребат.
Оваа болест која се шири преку гребаницата од мачка е во најголем пораст во јужните држави во САД, како и во домаќинствата со деца на возраст помеѓу 5 и 9 години. Болеста е бактериска инфекција која се шири доколку се дозволи мачката да ја излиже отворената рана, или преку нова гребаница или каснување.
Спорет Центарот за контрола и превенција на болести, оваа болест се пренесува на мачките преку заразените болви, па најдобар начин да се спречи е да и давате на вашата мачка редовен третман против болви и да се обидете да ја чувате внатре.
Миењето на рацете по играњето со вашето милениче исто така може да биде корисно.