Кога се зборува за атомското оружје, веројатно прво на што се помислува се катастрофалните напади на Хирошима и Нагасаки во 1945 година.
Овие бомардирања засекогаш го променија светот, но можеби уште позастрашувачки е фактот што од првото тесирање во 1945 година до сега во светот се извршени 2.475 нуклеарни проби кои се значително помоќни.
Веројатно не изненадува, но од овие 2.475 нуклеарни детонации, 85 проценти се извршени од страна на само две држави, САД (со 1.132 бомби) и бившиот Советски Сојуз (981).
Се разбира атомските бомби после Хирошима и Нагасаки не се употребени во војна, бидејќи доколку тоа се случеше, веројатно ќе се збогувавме со Земјата.
Како што се објаснува во видеото на „RealLifeLore“, бомбата што била фрлена над Хирошима на 6 август 1945 година продуцирала експлозија од 15 килотони (или 15.000 тони ТНТ), а три дена подоцна, над Нагасаки – од 21 килотони.
Но денеска САД во својот арсенал поседуваат бомба – наречена „B83“ со јачина од 1,2 мегатони. За појаснување, 1 мегатон е еднакво на 1 милион тони ТНТ, што значи дека „B83“ може да предизвика експлозија 80 пати помоќна од бомбата во Хирошима.
Што се однесува пак до висината на „печурката“ што се издига од бомбата, како што е прикажано во видеото, висината на печурката во Хирошима и Нагасаки, висината на Монт Еверест и висината на комерцијалните авионски летови, со висината на печурката од „B83“ – едноставно не може да се споредат.
Меѓутоа, „B83“ не е нејголемата атомска бомба што САД досега ја тестирале. Таа титула и припаѓа на бомбата „Castle Bravo“, која предизвикува експлозија од 15 мегатони, или 1.000 пати посилна од таа во Хирошима.
„Но дури и оваа бомба е „бледа“ во споредба со најсилното атомска бомба што некогаш е детонирана“- вели „RealLifeLore“.
Во октомври 1961 година, Советскиот Сојуз ја предизвика најмоќната експлозија со „Цар бомбата“ – со јачина од 50 мегатони или како 3.333 бомби од Хирошима, која беше детонирана над архипелагот „ Нова Земја“ во Арктичкиот Океан.
Експлозијата била толку силна што предизвикала пукање на прозорци во Норвешка и Финска, а ударните бранови три пати ја обиколиле земјата.
Но, тоа е буквално само половина од јачината на бомбата што Советскиот Сојуз во тоа време планирал да ја направи – односно бомба дупло посилна од „Цар бомбата“.
Во видеото може да видите до колкави размери би достигнале штетите доколку овие бомби би биле фрлени на Њујорк.