Колку би чинел престој на Месечината за една година?

Со сѐ поголемиот интерес за населување на други планети во нашиот Сончев систем, „YouTube“ каналот „Wendover Productions“ направил една интересна пресметка за тоа колку би чинел престојот во вселената на подолго време.

Имено, тие направиле груба математика колку пари би биле потребни доколку четири астронаути престојуваат на Месечината една година. И како што претпоставувате, ќе бидат потребни многу пари!

Според проценките на „Wendover“, тоа вкупно би чинело 36 милијарди долари. Како што се нагласува во видеото, тоа се груби проценки каде не се пресметани специфичните детали од патот до Месечината, но сепак се добро обмислени и нешто што треба да се има предвид сега кога СпејсЕкс работи на деталите за населување на Марс.

Поддржете ја нашата работа: