Повеќето од нас мислат дека жените во Иран немаат право на глас, дека не им е дозволено да возат, дека претставуваат граѓани од втор ред, дека претприемништвото и моќните позиции им се надвор од дофат и што уште не. Ова всушност не е точно. Со години, жените во Иран поседувале и управувале бизниси, од кои многу во индустриите каде што доминираат мажите, како што се градежништвото, рударството, нафтената индустрија, а сега и технологијата.
Во технолошката индустрија којашто почнува да се развива во Иран, иако помалубројни, жените се наоѓаат во првите редови.
Уште пред 15 години, кога никој во Иран не знаел што е тоа старт-ап компанија, Бехназ Арија (Behnaz Aria) го отворила првото школо за технологија – Институтот за технологија „ Kahkeshan“ кој постепено се развил и сега 37% од студентите и 40% од персоналот се жени.
Покрај тоа, 70% од студентите по наука и инженеринг во Иран се жени, со што всушност се охрабруваат да се вклучат во малата, но ветувачка заедница на нови бизниси и компании.
Со оглед на стереотипите во нашето општество, и се’ помалата застапеност на жените во областа на компјутерските науки, технологијата и слично, можеби ова ќе послужи како пример кој ќе ги охрабри и нашите жени да тргнат по овие патеки.