Коцкањето може да го стимулира системот за наградување на мозокот, слично како дрогата или алкохолот, и да предизвика зависност. Ако сте склони кон компулзивно коцкање, вие постојано ќе се обложувате, ќе ги потрошите заштедите, па дури може и да се впуштите во некоја кражба или измама за да ги акумулирате долговите, а секако тоа ќе го криете од останатите.
Симптоми на компулсивно (патолошко) коцкање
- Преземање на значително поголеми коцкарски ризици
- Чувство на возбуда
- Преокупација со коцкање
- Коцкање како начин за да се избега од проблемите или чувството на беспомошност, вина и депресија
- Повеќе време за коцкање отколку за работа или семеен живот
- Криење и лажење
- Чувство на вина или каење по коцкањето
- Позајмување пари или крадење
- Залудни напори за откажување
Проблемот со коцкање се зголемува со текот на времето. Всушност, многумина со години уживаат во коцкањето без никакви проблеми. Но почестото коцкање или стресот во животот можат да го претворат обичното коцкање во нешто многу посериозно. Тогаш почнуваат проблеми со врската, семејството, работата, финансиски и здравствени проблеми, депресија, па во многу случаи и употреба на дрога и алкохол. Неретко целиот проблем завршува со самоубиство.
За компулсивните коцкари, обложувањето не е толку за парите колку што е за возбудата, при што често се обложуваат на суми кои не можат да си ги дозволат. За разлика од обичните коцкари кои престануваат кога ќе изгубат, или си поставуваат некоја граница, компулсивните коцкари продолжуваат да играат се додека не си ги повратат парите, а тоа најчесто не се случува.
Компулсивното коцкање е сериозна состојба која може да го уништи не само вашиот живот, туку и на вашите најблиски. Иако лекувањето на зависноста не е лесно, сепак постои професионален третман.
Одрекувањето е најчестата карактеристика за компулсивното или зависничко однесување. Затоа е тешко за поединецот да признае дека има проблем. Кога членовите на семејството, пријателите и колегите ќе се загрижат, тогаш е време да побарате помош!
Што точно го предизвикува нагонот за коцкање, се’ уште не е познато. Како и другите проблеми, можеби е резулат на комбинација од биолошки, генетски и општествени фактори.