Кратко интензивно вежбање пред мрсен оброк

Кардиоваскуларните болести, вклучувајќи срцеви и мозочни  удари се водечка причина за смрт во Велика Британија. Основата на овие болести се појавува уште во младоста. Оштетувањето на функцијата на крвните садови се смета дека е зачеток во процесот на болеста. Доволни се само неколку часа по јадењето на мрсен оброк, за да се почувствуваат кардиоваскуларните последици.

Истражувањето, објавено во „Аmerican Journal of Physiology -Heart and Circulatory Physiology“, ja споредува функцијата на крвните садови кај млади луѓе кои вежбале умерено и интензивно пред конзумирањето на милкшејк богат со маснотии. Анализите се вршени неколку часа по конзумирањето.

Се покажало  дека околу 25 минути на велосипед со умерен интензитет го спречува падот на функцијата на крвните садови, по внесувањето на многу маснотии. Сепак, само осум минути високо интензивно возење на велосипед, не само  што го спречува падот, туку и ја подобрува функцијата на крвните садови. Нивото на подобрување е супериорно во однос на „умерената“ група.

„Нашата студија покажува дека интензитетот на вежбањето игра важна улога во заштитата на функцијата на крвните садови кај младите луѓе по внесувањето на храна која содржи многу маснотии“– велат авторите.

“Исто така и момчињата и девојчињата преферираат кратки интензивни вежби наспроти долги и умерени. Со оглед на тоа што многу малку адолесцентите во моментов го практикуваат препорачаниот минимум еден час на умерено вежбање дневно, пократката интензивна алтернатива им е попримамлива.

Истражувачите велат дека следниот чекор е да се испитаат бенефитите од интензивното вежбање кај адолесцентите со ризик фактори за кардиоваскуларни болести, како што се дебелината и дијабетес тип I.

enauka.mk
9,243наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,798денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.