Креирана Wi-Fi технологија што нема да ги троши батериите

Предноста на Wi-Fi технологијата е тоа што е насекаде – невидливо поврзува лаптоп компјутери со принтери, ни овозможува да остваруваме повици преку смарт телефоните, да гледаме филмови, да играме игри и слично. Но, негативноста е тоа што користењето на оваа технологија троши значителна количина на енергија и ги празни батериите на сите уреди кои се поврзани.

Сега, еден тим на компјутерски научници и електроинженери од Универзитетот во Вашингтон покажаа дека е возможно да се генерираат Wi-Fi преноси користејќи 10.000 пати помалку енергија од конвенционалните методи.

1-uwengineersaНовиот пасивен Wi-Fi систем исто така троши 1.000 пати помалку енергија од постоечките енергетски ефикасни безжични комуникациски платформи, како што се „Bluetooth Low Energy“ и „Zigbee“.

Научниците ќе ги презентираат своите резултати во март, на 13-тиот USENIX симпозиум за дизајн и имлементација на мрежни системи.

„MIT Technology Review.“ веќе ја нарече оваа технолопгија како една од 10-те епохални откритија за 2016 година.

Поддржете ја нашата работа: