Креветот на Хенри VII ставен на располагање на гостите на хотел во Англија

Иако, тој е еден од најпознатите личности во британската историја, дел од неговиот интимен живот до пред неколку дена беше мистерија за истражувачите.

Станува збор за неговиот брачен кревет кој повеќе од 15 години бил користен од гостите на еден хотел во градот Честер во Англија, кои доаѓале на свадбено патување. Секако, никој не знаел дека младите парови ќе спијат на кралски кревет.

Вистината излегла на виделина откако хотелската управа решила дотрајаниот кревет да го изнесе на паркиралиштето пред хотелот.

Него го забележал еден познавач на реликти кому му паднале в очи деталите од резбата во дрвото. Го обезбедил креветот и делови од дабовото дрво испратил на ДНК анализа.

Било утврдено дека тоа е креветот на кој спиеле кралот Хенри VII и неговата понеќна половина – Елизабета од Јорк.

Поддржете ја нашата работа: