Курс по астрономија за деца 2018

По огромниот интерес за Курсот по астрономија за деца минатата година, овојпат повторно Скопското Астрономско Друштво ќе се обиде да им ја приближи астрономијата на децата на возраст од 7 до 12 години. Идејата е да имаат неколку предавања, но и активности каде учесниците би можеле да видат разни небесни објекти низ телескопите кои ги има Друштвото.

Курсот ќе трае од 31-ви мај до 19-ти јуни.

За да се пријавите за Курсот по астрономија за деца, неопходно е да го пополните прашалникот на овој линк.

Цената на курсот е 1000 денари и во неа се вклучени: посета на Планетариумот, учество во интерактивни предавања, книга „Астрономија“ наменета за детска возраст и комплет материјали кои ќе се користат на работилниците. Предавањата ќе бидат поделени во две групи и ќе траат околу еден час. За распоредот на групите ќе бидете известени непосредно пред почетокот на курсот на сајтот на астрономија.мк.

Програмата на овогодинешниот курс по астрономија за деца е следна:

31.05: 19:00/20:00 ч. Планетариум и набљудување низ телескоп (доколку дозволат временските услови);
05.06: 18:00/19:00 ч., простории на ФЕИТ: „Прошетка низ Сончевиот Систем“;
07.06: 18:00/19:00 ч., простории на ФЕИТ: „Астрономски експерименти“;
12.06: 18:00/19:00 ч., простории на ФЕИТ: „Нашето место во Универзумот“;
14.06: 18:00/19:00 ч., простории на ФЕИТ: „Небото низ очите и низ најмоќните телескопи“;
19.06: 19:00 ч., простории на ФЕИТ: Доделување на дипломи, презентација на ракетно моделарство и изложба на цртежи.

Курс по астрономија за деца 2018

Важно:
*Бројот на посетители е ограничен. По пријавувањето, ќе добиете потврда за учество преку мејл, каде ќе бидете известени за начинот на плаќање за курсот.
*Распоредот на активностите е подложен на промени, за кои ќе бидете навремено известени.
*На курсот можат да учествуваат само деца со наполнети 7 години. Останатите – Ве очекуваме некоја следна година!

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt