„Lacalut“ ќе ја поттикнува креативноста кај децата

Компанијата Натусана, во наредните два месеци, организира награден натпревар „Куфер полн здрави насмевки“ за брендот „Лакалут кидс“.

 

Во рамки на натпреварот ќе бидат наградени 15 семејства со пакет годишна залиха производи од линијата Лакалут. Подароците ќе се делат во три етапи и победниците ќе бидат прогласувани согласно најмногу освоени гасови и со гласање од страна на стручно жири.

 

Kufer_Primeri2Целта на натпреварот е да се поттикне креативноста кај децата. Главен предуслов за учество е учесниците да соберат две различни куферчиња (држачи за четки за заби) кои се паѓаат гратис во пакувањето од детската паста Лакалут наменета за возраст од 4-8 години. Учесниците треба да ги искористат овие куферчиња за да ја покажат својата креативност.

На пример, може куферчињата да ги вметнат во цртеж, да направат фотографија на која ќе покажат како ги користат во секојдневието, да покажат како тие ги чуваат нивните четкички за заби или било која друга креативна идеја на која ќе се сетат, а потоа она што го создале треба да го прикачат на Facebook страната на Четко Четковски. Покрај прикачената фотографија, учесниците треба да дадат краток опис на она што го создале или да напишат некоја убава креативна мисла.

Kufer_PrimeriНа секои три недели ќе бидат прогласувани по пет добитници на годишна залиха Лакалут производи за целото семејство, односно вкупно 15 семејства ќе се радуваат на куферот кој за нив ќе биде наполнет со производи за здрава насмевка

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt