Лансиран уште еден сателит за набљудување на Земјата

Европската вселенска агенција го лансираше во орбитата петтиот сателит „Sentinel“(Стражар), во рамките на програмата за набљудување на Земјата „Коперник“.

Сателитот „Sentinel-2B”, кој тежи 1,1 тони бил успешно лансиран од Француска Гвајана и ќе му се придружи на  „Sentinel-2A” кој е во орбитата од 2015 година.

Двата сателити имаат опрема за правење на фотографии со висока резолуција и ќе помогнат да се добијат многу прецизни податоци кои ќе можат да се користат за земјоделството и за истражување на климатските промени и животната средина.

„Sentinel-2B” ќе помогне да се следат загадувањата на езерата и крајбрежните води и во следењето на промените на Земјата, а може да помогне и во изработката на мапи на природните катастрофи, преку обезбедување на информации за поплави, вулкански ерупции и свлечишта.

Европската вселенска агенција соопшти дека програмата „Коперник“ сега може да направи фотографии на целата Земја за само пет дена, или два пати пократко од претходно.

 

Поддржете ја нашата работа: