Третиот метеоролошки сателит “Сојуз” поставен во орбита

Ракетата „Сојуз“, која полета од Гвајана, успешно во орбитата ја лансираше Метеоп-Ц, метеоролошки сателит на европската агенција EUMETSAТ, кои се одговорни за развојот на метеоролошките сателитски системи, известува комерцијалната компанија Арианспејс, која ги лансира сателитите.

Сојуз полета во средата во 1.47 часот по средноевропско време од лансирната станица во Синамаруја во Француска Гвајана.

Сателитот Метоп-Ц е трет и последен сателит од програмата посветен на применета метеорологија, велат од компанијата Аријанспејс.

Сателитите Метоп-А и Метоп-Б, кои се лансирани од Казахстан во 2006 и 2012 година, и натаму се во функција, велат од компанијата.

Мисија на сателитот е следење на метеоролошките прогнози од 12 часа до десет дена однапред и следење на климатските промени на глобално ниво.

Ова е осмо лансирање за оваа година кое го изведува компанијата Аријанспејс во Гвајана и второ со ракетата Сојуз од локалниот полигон Синамари.

Сојуз на 11 октомври имаше едно неуспешно лансирање од полигонот во Бајконур.

Летот на Сојуз кон Меѓународната вселенска станица, со астроанутите Ник Хаг и Алексеј Овчинин, е прекинат две минути по полетувањето, по што астронаутите автоматски се катапултирале од леталото.

Според заклучоците од истражната комисија, станувало збор за техничка грешка.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,233од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,952 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.