Во новата спроведена студија се препорачува да се подесе уличното ЛЕД осветлување за да го намали своето влијание врз екосистемот.
Во текот на милијарди години, живиот свет еволуирал во согласност со условите на околината, а важен фактор за животната средина секогаш била промената од ден во ноќ. Благодарение на овие промени, повеќето од живиот свет го прилагодиле својот биоритам, физиолошки потреби, прехрамбени навики, потребата за сон, продукција на хормони, репродуктивни циклуси и други појави.
Циклусот од ден во ноќ, е малку пореметен со развојот на технологијата која резултирала со највпечатлива светлина во текот на ноќта, но факт е дека не постои светлина која е иста како дневната. Иако за среќа, денешното лед осветлување не содржи жива и не трепери, сеедно со себе носи некои лоши последици. Се предвидува дека до 2020 година, лед осветлувањето ќе биде одговорно за 70% од светлосното загадување.
Сината светлина е особено ризична, не само за растенијата и животните туку и за човекот, бидејќи ја намалува продукцијата на хормонот мелатонин што со себе повлекува ризик од лоши последици и заболувања. Меѓутоа, лесно е да се ослободиме од синото светло, но останува опасноста од останатите бои за одвивање на нормалниот живот на многу животни.
Во својата студија, научниците откриле дека е многу подобро кога светлата ноќе се изгасени околу 4 часот наутро или намалени за 50%. Во контекст на штетното влијание на лед светилките, тие досега се најголем проблем во светот на пајаците и инсектите.
Иако лед осветлувањето донесе многу добра, истражувањата за неговото влијание врз животот се зголемуваат, и најверојатно следат уште повеќе предлози во пресрет на оваа студија од Ексетер.