(ВИДЕО) Запознајте го најслаткиот пајак на светот

Овие пајаци припаѓаат на растечката листа на 44 скокачки пајаци од родот „Maratus“ кои исто така се познати и како пајаци-пауни поради интересната колоритна шара на абдоменот.

Овој вид, кој е нов за науката, всушност за прв пат бил забележан пред неколку години од страна на експертот за пајаци Дејвид Ноулс, но со оглед на нивната големина од само неколку милиметри, било потребно долго време додека да се анализираат и да се класифицираат како нов вид.

Како што можете да забележите, овој пајак има впечатлива сина маска кај очите кој послужила како инспирација за неговото име – „M. personatus“ што на латински значи маскиран. На почетокот, научниците сметале дека абдоменот едноставно не е прикажан на сликите, за потоа да сфатат дека кај овој вид најспектакуларниот аспект е синото лице.

Па, откако мажјакот ќе го намами потенцијалниот партнер со својата нинџа маска, во текот на додворувањето, го подигнува третиот пар на нозе и мавта наоколу, една по една нога, или синхронизирано, но никогаш не го поткрева абдоменот. Покрај тоа, ги мрда и пипките на главата. Сето тоа можете да го видите на следново видео:

Крис Плант од „The Verge“ смета дека ова го прави најслаткиот пајак во светот, бидејќи на некој начин танцува за да ја импресионира женката. Ние се согласуваме со тоа.

Изненадувачки, една од женките-партнери на овој пајак положила многу јајца па научниците ќе можат да го следат и документираат нивниот развој. Дури и тие се преслатки. Погледнете!

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt