„Li-Fi“ 100 пати побрзо од „Wi-Fi“

Во наредните месеци, очекувајте да слушате многу повеќе за „Li-Fi“ – безжична технологија која пренесува податоци со голема брзина со помош на видливата светлина. Научниците веќе постигнаа брзини од 224 гигабита во секунда во лабораториските тестови, а сега за прв пат го изнесоа надвор од лабораторијата и го поставија во канцеларии и индустриски средини во Талин, Естонија велејќи дека може да постигне пренос на податоци од 1 GB во секунда – што е 100 пати побрзо од просечната брзина на сегашната „Wi-Fi“ технологија. Оваа технологија има огромен потенцијал да го смени начинот на кој го користиме интернетот.

„Li-Fi“ е измислен од страна на Хералд Хас од Универзитетот во Единбург, Шкотска во 2011 година, кога за прв пат демонстрирал дека со треперење на светлината од една светлечка диода (LED) може да се пренесуваат многу повеќе податоци отколку со мобилната кула. На пример, веќе постигнатата брзина од 224 гигабити во секунда е еднаква на 18 филмови од по 1,5 GB на секоја секунда.

Оваа технологија користи видлива светлинска комуникација – медиум која ја користи видливата светлина помеѓу 400 и 800 терахерци. Во основа, функционира како неверојатно напредна форма на Морзеовата азбука, односно постојаното вклучување и исклучување на светлечката диода при екстремни брзини се користи за да се напишат и пренесат податоците во бинарен код. Зборуваме за екстремни брзини при кои треперењето на диодата не може да се забележи со голо око.

2402

Покрај поголемата брзина, уште една придобивка од оваа технологија е фактот што светлината не може да поминува низ ѕидови, а тоа значи помалку пречки помеѓу уредите, како и побезбедна комуникација.

Во секој случај, „Li-Fi“ најверојатно нема целосно да го замени „Wi-Fi“ и во следните децении и двете технологии ќе може да се користат заедно за да се овозможат поефикасни и побезбедни мрежи. Нашите домови, канцеларии и индустриски објекти веќе се опремени со инфраструктури кои овозможуваат „Wi-Fi“ и отфрлањето на сето тоа за да се замени со „Li-Fi“ не е особено изводливо. Идејата на научниците е да се модифицираат сегашните уреди за да можат да работат и со „Li-Fi“ технологија. Истражувачки тимови од целиот свет веќе работат на тоа.

https://www.youtube.com/watch?v=NaoSp4NpkGg

Поддржете ја нашата работа: