Лондон рециклира енергија од кочниците на возовите

Првото пет- неделно тестирање било спроведено на линијата Викторија од лондонското метро, со која наводно со превезуваат 1,2 милијарди патници низ вкупно 76,2 милиони километри секоја година. Со досегашната употреба на оваа енергија, веќе се заштедени 5 % од годишната сметка, што иако не звучи како многу, тоа е еднакво на околу 6 милиони фунти (или околу 8 милиони евра).

Технологијта всушност претставува систем на инвертор, при што се собира енергијата што се создава кога возовите кочат и се враќа назад во електричната мрежа како електрична енергија. Според локалните власти, оваа технологија собира просечно по 1 MWh енергија секој ден, што е доволно за да се напојуваат најголемите станици за повеќе од два дена. Отсега, овој систем ќе биде во постојана употреба, со што се очекува значителна заштеда на енергијата и намалување на сметките.

Ова е само една од многуте нови иницијативи кои градот ги презема за јавниот превоз да има што е можно помало влијание на животната средина.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,235од 2014 година
ВКУПНО ПРИМЕНО≈ 3,922 ден.

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.