Global UGRAD Програмата е транспарентна и високо конкурентна глобална програма што е спонзорирана од U.S. Department of State’s Bureau of Educational and Cultural Affairs (ECA), поддржана и спроведена од Америчката Амбасада во Македонија и World Learning.
Оваа меѓународна образовна и културна програма е иницијатива што доделува стипендии за додипломски студии, при што носи идни лидери во САД за да се реализираат на образовно поле, да ги усовршат нивните знаења, и да истражат нови културни вредности.
Global UGRAD им овозможува на истакнати млади луѓе, идни лидери на нивните општества од целиот свет, околу 250 студенти на број да добијат стипендија која што го покрива целиот престој во Америка, од TOEFL тестот па се до меѓународните патни трошоци, наставата, престојот, осигурување, финансирање за книги и месечна стипендија.
Global UGRAD поддржува финалисти од различни дисциплини, од архитектура до инженерство, биохемија, литература, едукација итн. Сите студенти што ќе имаат престој во Америка имаат можност и да учествуваат во студентски организации и активности и да обезбедат волонтерска дејност. Учесниците исто така се охрабруваат да учествуваат и во активности за личен и професионален развој.
Јас имав одработено над 100 волонтерски часови низ разноразни организации што помагаат на загрозени семејства, луѓе со хендикеп и бездомници и тоа ми претставуваше огромна љубов зошто влијаев на општеството и помогнав да стане барем за миг подобро.
Во САД изучував Aerospace Engineering на Kent State University, што ги синхронизира моите предходни две дипломи: Инженерство на материјали и нанотехнологии на технолошко – металуршкиот факултет и академијата за мехатроника, роботика и ембедед системи при NewMan’s Business Accelerator, а со нострификација на предмети од истите, дипломирав.
Условите за прием таму, не се само просек од твојот факултет туку и од средно образование (константен тек на просекот и докажувања) и се фокусираат на познавање на Англиски и математика, критично размислување, решавање проблеми и способност да бидеш директно поставен во класот на математичка училница за да продолжиш со напредување низ аналитичка геометрија и анализа како и калкулус без никаков проблем.
Минимумот на SAT тестот треба да е 1700 (сложен резултат). Мора да се има познавање на воздухопловна систем инженеринг технологија во рамките на аеронаутиката, познавање на физика и просекот што треба да се одржи таму е најмалку 9, односно B grade. Таму успешно се реализирав, мојот OPAL тест беше 100% A, oцените ми беа A+, CTM/ATMAE сертификацијата ја положив со сите бодови и на предметот Applied Engineering, jaс во тим со уште тројца Американци на чело со Доктор Song изградивме функционален прототип, за прв пат на тој предмет во Kent State University.
Само јас ја имав највисоката оцена на овој предмет ради пласиран квалитет и голема посветеност и решителност. Инаку пред нашиот прототип да биде пласиран, студенти приложуваа само трудови и patent research and possibility проекти со нацрти. Прототипот беше тестиран и на факултетот и во ATA Group фабриката со која што соработувавме и е функционален но за ова ќе има подетални информации понатаму со нов блог пост.
Global UGRAD е прекрасна иницијатива што ги сместува студентите во универзитети низ САД соодветни или комплементарни на нивното предходно образование. Топло ја препорачувам оваа програма на заинтересирани млади и квалитетни ентузијасти со исклучителен талент и успеси на кариерен и академски план и ги охрабрувам сите иновативни студенти да се пријават на идните конкурси.
Мислам дека конкуренцијата беше доследна за почит и многу ми е мило што во финалето бев со толку компетентни млади луѓе од нашава земја од различни сектори кои имаа мноштво успеси и дела зад себе. Секако се минува низ доста интервјуа и тестови каде што се претставуваш не само како професионалец и успешен инженер туку и како личност.
И на крај квалитетот секогаш зборува сам за себе па сите тие нешта што те издвојуваат и те прават комплетен ти носат пресудна победа и пласман. Никој пат до успехот не е лесен но знае да биде наградувачки а тоа ме стреми да творам уште повеќе и да ги искачувам наредните скалила со повеќе решителност.
Интернационално искуство е секогаш од бенефит. Досега сум имала можност да ги искусам европските универзитети на неколку месечен период но ова беше сосем поинакво и поамбициозно доживување. Првично ја зголемив мојата мрежа со професионалци од целиот свет кои што се искусни во своето поле и решаваат проблеми на поинакви начини од моите, па доста научив од нив.
Ме чекаат навистина амбициозни проекти со доста реномирани компании кои што стојат позади мене и веруваат првично во тоа каков човек сум а потоа и во моите способности како инженер. Но за тоа, ќе зборуваме понатаму.
Да напоменам дека ќе имав можност да работам и истражувам во најсовремените лабаратории. Се запознав со нови стилови на учење кои ги применувам во моите работилници и влијаат на развитокот на подмладокот во оваа земја. А секако миксот од култури и еден повисок степен на амбициозност и квалитет што го прикажав таму ме вадеше надвор од комфорт зоната и ме градеше како личност.
Едно од можеби и најомилените искуства ми е викендот во Glenn Research Центарот во Кливленд под раководство од проф. Доктор Бојд којшто ми предаваше обновливи извори на енергија и кој има долготрајна кариера во НАСА, па под негово раководство бев избрана да го поминам викендот во Американската вселенска агенција, во истражувачкиот центар “Глен”, за што можам да кажам беше неверојатно искуство.
Секако чест ми е и што имав можност да држам говор на отворањето на работилницата во Washington DC, пред претставници на Department of State, House of Representatives & World Learning staff.
За крај ќе напоменам дека Global UGRAD програмата не е единствена програма која што нуди вакви можности, но тврдам дека изборот е фер и според заслуга.
Апелирам до сите заинтересирани да ги проверат програмите како: Fulbright Foreign Student Program, Hubert H. Humphrey Fellowship Program, Study of the United States Institutes (SUSI), Community Solutions Program, Macedonia Media Leaders Program, Youth Exchange and Study (YES Program), Benjamin Franklin Transatlantic Fellows (BFTF), Youth Program и многу други можности за личен и професионален развој на следниов линк:
http://macedonia.usembassy.gov.