Ние сме она што јадеме – вели една поговорка. Токму оваа идеја и помогна на индустријата за органска храна да нарасне во индустрија од неколку милијарди долари годишно, затоа што луѓето сакаат подобро не само за себе туку и за својата околина. Но, дали “чистата” храна е навистина подобра од комерцијано одгледуваните видови? Во науката ова прашање се уште не е решено.
Постојат два главни аргументи кога е во прашање предноста на органската храна, особено земјоделските култури. Првиот аргумент е дека хранливите материи на растенијата одгледани без синтетички пестициди се на повисоко ниво отколку од истите растенија одгледани во нормални услови, па затоа оние кои ги конзумираат имаат одредени здравствени придобивки.
Вториот аргумент тврди дека органските фарми обезбедуваат похумана околина за сточарство, а добри се и за природата и дивите животни. Додека индустријата за органска храна овие аргументи ги држи како факти, постојат огромни сомнежи за веродостојноста на овие тврдења.
Се тврди дека органските култури содржат повеќе хранливи материи од неорганската храна. Една анализа од Универзитетот во Њукасл, која ги анализирала податоците од 343 студенти, на пример открила дека органските култури содржат до 60% повеќе антиоксиданти од конвенционалните култури – што е еднакво на конзумирање од плус 2% oвошје дневно. Антиоксидантите, се вели дека се добри за нас бидејќи ги разградуваат слободните радикали, а за нив се знае дека ја оштетуваат ДНК и ја зголемуваат можноста од генетски мутации.
Во никој случај не е разјаснето дека внесот на повеќе антиоксиданти е добро за човекот. Всушност, постојат силни докази кои го покажуваат спротивното. Извештајот Cochrane – меѓународно познат како највисок стандард во здравството поткрепен со факти, покажа дека земањето на антиоксиданти, наместо да го подобруваат здравјето, ја зголемуваат стапката на смртност.
Во извештајот се наведува дека се вклучени 78 клинички испитувања со вклучени 296.707 учесници од кои една група примале антиоксиданти во суплементи составени од бета каротен, витамин А, витамин Ц, витамин Е и селен. Втората група примале плацебо, а третата била контролна група. Првата група се соочила со ризик од поголема веројатност за смрт за 1,04%. Додека слободните радикали во висока концентрираност се штетни, тие можат да бидат корисни во мали количини.
Во извештајот се заклучува дека “тековните докази не поддржуваат употреба на антиоксиданси во општата популација”. Сепак, истата студија од Универзитетот во Њукасл, објавена во списанието British Journal of Nutrition, исто така, откри дека оваа храна содржи помало ниво на тешки метали, како што е кадмиум, отколку конвенционално одгледуваните култури. Тоа би можело да се должи на намалувањето на употребата на пестициди, но може да биде и до природните варијации во видовите на земјоделските култури или разликите во климата и типот на почвата.
Втората голема предност на органското е наводното позитивно влијание врз животната средина. Секако, некои практики во органските фарми, како што се ротацијата и монокултурацијата, се добри за животната средина, но, бидејќи приносот на органски фарми е помал од конвенционалните фарми, тоа значи дека тие всушност бараат повеќе простор за да добијат иста количина на култури. Ова значи дека поголемото земјиште мора да биде исчистено.
Се разбира, индустријализацијата на земјоделството е во голема мера штетна за животната средина, но, другите технологии, како што е генетската модификација на култури, имаат потенцијал да направат разлика. Тие можат да бидат дизајнирани да имаат повисоки приноси (повеќе овошје), да се спротивстават на одредени штетници и да содржат повеќе хранливи материи, и сето тоа би било многу корисно. Во основа, тоа не е сосема чиста ситуација. Органската храна не е објективно подобра за животната средина, но и не е полоша.
Натаму, ако културите не не нужно подобри за вашето здравје или околината, зошто луѓето мислат дека се? Можно е дека ова има врска со “хало ефектот”. Ефектот е поврзан со начинот на кој луѓето имаат тенденција да проценат колку еден вид на храна е здрава врз основа на само едно тврдење. На пример, многу луѓе ја проценуваат храната со ниска содржина на масти како храна која има помалку калории, што значи дека луѓето ќе јадат повеќе од тој производ, иако тоа обично не е точно.
Влијанието на овој психолошки ефект врз органската храна веќе е тестирано. Научниците од Универзитетот Корнел ја подложија јавноста на двојно послеп тест за вкус, каде што нудеа “обични” бисквити, јогурт и чипсови, па побара од луѓето да ги споредат со “органски” бисквити, јогурт и чипс. Цела храна која им била дадена на луѓето била органска, но тие во голем процент процениле дека храната со органска ознака има помалку калории, помал дел на масленост и повеќе влакна. И не само тоа, голем дел од нив се изјасниле дека ќе платат повеќе за органска храна, иако не чувствувале значајна разлика во вкус помеѓу двата производа.
Додека студијата објавена во списанието Journal of the Federation of American Societies for Experimental Biology е мала, авторите истакнаа дека учесниците би можеле да речат дека плаќаат повеќе за органски производи едноставно затоа што мислат дека тоа од нив се очекува, таа сеедно поттикнува некои интересни идеи за перцепцијата кон храната која е означена како органска.
Всушност, Министерството за земјоделство во САД (USDA) изјави дека официјално означувањето на храната како “органско” во САД не гарантира дека производите се побезбедни, со подобар квалитет или повеќе хранливи.
Дури е предложено дека означувањето е делумно развиено за да се поттикне продажбата на домашните органски култури. “Дозволете ми да бидам јасен за една работа. Етикетата со ознака “органскo” е маркетингшка алатка”, рече министерот за земјоделство, Дан Гликман, кога започна нов систем за еколошко етикетирање од страна на USDA. “Тоа не е изјава за безбедност на храна. Ниту “органско” не значи ништо за исхраната или квалитетот”.
Исто така, вреди да се истакне дека многу луѓе веруваат дека органската храна е одгледана без пестициди. Не е така! Органската храна не користи синтетички пестициди, но земјоделците можат да користат природни жубрива колку сакаат. И како што често се истакнува, само затоа што нешто доаѓа од природата не значи дека е добро за вас.
Органската храна може да има повисоко ниво на одредени хранливи материи, но овие разлики може да бидат природни варијации, и нема докази кои потврдуваат дека конзумирањето поголеми количини на органска храна ќе биде подобро за вас. Некои земјоделски практики може да бидат подобри за животната средина, но во исто време, некои се лоши. Конечно на крајот, перцепцијата за бенефит од органската храна може да биде само тоа – перцепција.