Според нови анализи на сателитските податоци, Месечината има многу повеќе вода во неа отколку што досега се сметаше.
Со оглед на сателитските слики, научниците пронајдоа докази за вода заробена во “стаклени монистри“ во пепелта и карпи кои вулканите ги исфрлиле по површината на Месечината.
Анализата на фрагменти од вулканско стакло кои се донесени на Земјата во текот на Аполо мисиите, покажала дека во нив се наоѓаат ситни капки од вода, а новообјавената студија вели дека на Месечината најверојатно има повеќе вода, отколку што порано се мислеше.
“Ние не зборуваме овде за вода во течна состојба. Нема докази за постоење на океани, мориња или реки на нејзината површина, но тоа не значи дека луѓето нема да пронајдат начин за да се искористат тие мали парчиња вода”, вели Ралф Миликен, главен автор на новото истражување, и вонреден професор на Катедрата за Земјата, животната средина и планетарните науки на Браун.
Пред повеќе милијарди години, на Месечината еруптирала огромна количина лава, носејќи на површината магма од внатрешноста. Оваа магма во себе содржела високо реактивни соединенија, како што се јаглерод диоксид, јаглерод моноксид, хидроксил и вода која и денес се наоѓа стопена длабоко во внатрешноста на Месечината, во течни карпи.
Како што магмата се приближувала до површината, реактивните соединенија се одделувале во гасови кои се шират со голема брзина.
Набргу по излегувањето на површината, лавата се изладила, а некои од соединенијата останале заробени во вулканските стаклени монистра. Тоа е вода која Миликен и неговиот колега Шау Ли, успеале да ја откријат а на површината на Месечината користејќи релативно нова технологија која ја мери количината на водата во карпите, така што ги анализира сончевите зраци кои се издвојуваат од површината на Месечината.
Ова откритие може да биде корисно за идните мисии на Месечината, бидејќи водата би можела да биде извлечена од вулканските депозити, вели Миликен за Си-ен-ен.
Иако вулканските стаклени монистри не содржат многу вода – можеби неколку стотици делови на милион – има голем дел на вулкански материјал со кој може да се работи. Некои полиња од овој вулкански отпад покриваат илјадници квадратни километри и може да се длабоки неколку километри, додава тој.