Иако козметичките производи веќе со векови „ветуваат“ млада кожа, ретко кои, (ако и воопшто некои) тоа навистина и го постигнуваат.
Сепак, неодамнешните истражувања од Универзитетот во Мериленд сугерираат дека метиленското сино што се употребува како медицинско средство, може исто така да го успори и процесот на стареењето на кожата.
Истражувачите четири недели го тестирале метиленското сино на клетки од кожа од средовечни донори, како и на лица кои боледуваат од прогерија – ретко генетско заболување кое предизикува забрзано стареење. Покрај метиленско сино, истражувачите извршиле и тестрање на уште три познати антиоксиданси – Н-ацетил-Л-цистеин (НАК), „MitoQ“, и „MitoTEMPO (mTEM)“.
Истражувањето покажало дека метиленското сино дава подобри резултати во намалување на неколку симптоми поврзани со стареењето на клетките и кај здравите донори и кај пациентите со прогерија.
Во текот на четиринеделниот третман, кај клетките од кожата наречени фибробласти, кои го продуцираат структурниот протеин колаген, забележано е помало оштетување предизвикано од молекулите познати како слободни радикали, намалена стапка на смрт на клетките и зголемена стапка на клеточна делба.
Интересно е што истражувачите направиле уште едно тестирање со метиленско сино на фибробластите кај постари донори (над 80 години) во период од четири недели. На крај на третманот, кај клетките на овие лица биле забележени низа подобувања, меѓу кои и намална експресија на гените „β-галактозидаза“ и „p16“, кои обично се користат како индикатор за стареење на клетките.
Покрај ова, истражувачите извршиле и некоку други експерименти на 3Д модел направен од живи клетки од кожа каде биле застапени сите слоеви и структури на кожата, со исклучок на фоликулите на влакната и потните жлезди. Се покажало дека ваквиот модел, третиран со метиленско сино задржува повеќе вода и ја зголемува дебелината – две карактеристики што се типични за помлада кожа. Овој модел на кожа истражувачите го искористиле и да ја тестираат безбедноста на козметички креми со додадено метиленско сино. Резултатите покажале дека метиленското сино предизвикува минимални или воопшто не предизвикува иритации дури и кога е застапено во високи концентрации.
Охрабрени од овие резултати, истражувачите се надеваат дека ќе развијат безбедни и ефикасни начини со кои на корисниците ќе им овозможат да го искоистат благотворното дејство на метиленското сино.
„Веќе започнавме со формулирање на козметика која ќе содржи метиленско сино и во потрага сме по начин тоа да го пренесеме во производите за продажба“– вели др Кан Цао, професор по клеточна биологија и молекуларна генетика на Универзитетот во Мериленд.
Резултатите од истражувањето се објавени во „Scientific Reports“.