Стареењето е неизбежен процес во животот на секое живо суштество. Многумина се обидуваат да го запрат или да го успорат по пат на различни методи, како што се, на пример, разни креми, лекови или естетска хирургија. Сепак, научниците од Универзитетот во Бирмингем дознале дека редовното вежбање е еден од најдобрите начини за забавување на стареењето.
Во истражувањето кое е објавено во списанието “Aging Cell” учествувале луѓе помеѓу 55 и 79 годишна возраст кои воделе активен живот. Резултатите се споредувале со досега добиени резултати при проучување на здрави лица на возраст од 57 до 80 години, и 20-36 години кои не вежбале редовно.
Претходните истражувања тврдеа дека телото слабее поради стареење без оглед на часовите поминати во теретана, но резултатите од оваа студија покажуваат дека тоа не е точно. Физичката активност на поединци им овозможила да го одржат нормалното ниво на холестерол и да развијат добар имунитет.
Научникот Niharika Arora Duggal се надева дека нивното истражување ќе го смени размислувањето на луѓето за староста дека тоа е нешто за кое што треба да страдаме, а не нешто во кое што треба да уживаме.
Сите учесници во истражувањето возеле велосипед. 84 мажи можеле да поминат 100км за 6,5 часа, а 41 жена 60км за 5,5 часа.
Научниците најмногу ги развеселува позитивното влијание на вежбањето врз имунитетот. Тимус или градна жлезда е непарна ендокрина жлезда и е активна само до половата зрелост. Значи, градната жлезда е развиена само во детската возраст, за да во пубертетот брзо да се намали и по потполното созревање атрофира. Тој сместен во предниот, горен дел на градниот кош односно медијастинумот, и е централен орган на лимфатичниот систем. Тимусот е орган кој произведува одбрамбени Т-клетки.
Додека научниците сметаат дека после дваесеттата година од животот на човекот тимусот почнува да се намалува и да произведува помалку клетки, овие луѓе кои возеле велосипед имале ист број на Т-клетки како и младите испитаници.
Научниците се надеваат дека ова истражување ќе помогне да се реши најголемиот проблем на денешницата, поврзан со стареењето.