Како рестрикцијата на калории го спречува стареењето

Невролозите покажуваат дека исхраната со помалку калории го запира нормалното покачување и опаѓање на нивото на активност на околу 900 различни гени кои се поврзани со стареењето и меморијата во мозокот. Покрај телесната тежина, ова е дополнителна причина за да бидете внимателни со калориите.

Невролозите од медицинскиот центар „Лангон“ на Универзитетот во Њујорк вршеле испитувања на женски глувци и за време на нивната презентација на годишната средба на Друштвото за неврологија во Вашингтон,вчера на 17-ти ноември, изјавиле дека резултатите од истражувањето покажуваат како исхраната со помалку калории, добиени од јаглехидрати, спречува некои аспекти на стареење и хронични болести кај цицачите, вклучувајќи ги и луѓето.

За време на истражувањето, женските глувци, кои исто како и кај луѓето се повеќе склони на деменција отколку мажите, биле хранети со храна која имала 30% помалку калории. Потоа, била направена анализа на ткивото од регионот на хипокампусот, област на мозокот која Алцхајмеровата болест најрано ја напаѓа, со цел да се забележи дали има некаква промена во експресијата на гените со текот на времето.

„Нашето истражување покажува како рестрикцијата на калории практично го спречува нивото на експресија на гените вклучени во процесот на стареење, како одредени гени го одредуваат однесувањето на глувците, луѓето и другите цицачи како што стареат“, вели Стивен Д. Гинсберг, истражувач и невролог на Универзитетот во Њујорк. Тој истакнува дека рестрикцијата на калории не претставува „фонтана на младоста“, но има значително влијание во улогата на исхраната за успорување на ефектите на стареењето и болестите поврзани со стареењето.


stariЗа ваквите режими на исхрана одамна било познато дека го продолжуваат животот на глодарите и другите цицачи, меѓутоа ефектот кај луѓето од скоро се проучува. Се сметаше дека придобивките од овој начин на исхрана вклучуваат намален ризик од срцеви заболувања, хипертензија и мозочен удар, но со ова истражување добиваме друга слика.

Ова е прво истражување кое ни покажува како намалувањето на калориите влијае врз повеќе различни гени кај мозокот кој старее, посебно во регионите задолжени за меморија и учење, објаснува Гинсберг. Во литературата може да се пронајдат истражувања кои истражувале сличен импакт на диетата врз неколку гени , додека ова истражување има анализирано преку 10.000 гени и неговите резултати ја отвараат вратата за големи откритија во оваа сфера.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt