Големите бели ајкули ја чуваат тајната за лекување на рак и болести поврзани со стареење – велат резултатите од една студија.
Првата голема мапирана ДНК на голема бела ајкула открила “мутации” кои ги штитат овие животни од рак и други болести. Научниците се надеваат дека понатамошните истражувања ќе помогнат ова откритие да се примени при лекување на истите болести кај луѓе.
Големите бели ајкули исто така имаат способност да ја обноват својата ДНК, што е невозможно за луѓето. Истражувањето е спроведено од страна на тим од научници од Универзитетот во Флорида.
Нестабилните гени кај човекот се она шти ги прави чувствителни на болести врзани за стареењето и ракот. Ајкулите така се развиле да можат да ја обновуваат својата ДНК која е потолерантна на оштетувања.
“Нестабилноста на геномот е огромно прашање за многу тешките болести кај луѓето”, вели Махмуд Шивџи, еден од авторите на студијата.
Тој додава и дека природата развила паметна стратегија да ја одржи стабилноста кај овие огромни животни.
“Уште многу имаме да научиме од овие животни, вклучувајќи информации кои ќе бидат корисни во борбата против болестите како што е ракот и оние поврзани со стареењето, како и начините за справување со повредите кај луѓе, кои ајкулите успешно ги прават”, изјави тој за Би-Би-Си.