За играчите кои не ги задоволува критериумите за да се натпреваруваат на професионални е-спорт турнири кои се организираат низ целиот свет, Мајкрософт ја представи „Арена“.

„Арена“ е нова опција на Xbox One и PC компјутерите кои работат на Windows која ќе им овозможи на гејмерите да креираат и да играат во сопствени турнири.

Xbox Еден е првата посериозна конзола која ќе им овозможи на играчите да создадат свои турнири.

„Арена“ ќе им овозможи на играчите на популарните мултиплеер игри како: Forza, Gears of War and Killer Instinct да креираат сопствени турнири кои можат да се подесуваат како за датата на одржување така и за начинот на бодирање или рангирање.

Иако некои од постоечките игри им овозможуваат на играчите да креираат сопствени турнири „Арена“ е првиот креатор на  сопствени турнири, на кој ќе може истовремено да се креираат турнири за повеќе различни игри како и за повеќе различни платформи.

„Арена“ се очекува да биде составен дел од „Microsoft“ платформите во 2017

 

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.