Мисија до убиствениот астероид

И покрај неговите мали димензии, астероидот „101.955 Bennu“, претставува најопасниот астероид во Сончевиот систем. Во 2135 година астероидот ќе се приближи до Земјата на околу 186.000 милји, при што шансите да не удри се загрижувачки 1 во 2700.

Според пресметките направени од страна на научникот Башар Рикс од Лунарната и планетарна лабораторија при Универзитетот во Аризона, доколку астероидиот погоди некој град, цивилизацијата би била збришана, објектите срушени, изгорени или и едното и другото. Огненета топка би била 1.500 пати посветла од Сонцето, вели Рикс.

Од овие причини, НАСА ќе испрати летало што ќе се сретне со астероидот. Леталото наречено „OSIRIS-Rex“, што ќе биде лансирано овој септември, ќе лета 1,2 милијарди милји до „Bennu“, потоа ќе собере примероци од јаглеродните карпи и ќе врши мерења колку сончевата топлина ја менува траекторијата на астероидот. Овие податоци ќе помогнат да се одреди каде се движи  астероидот, како и да се одредат методи за одбрана. Научниците би можеле да ја искористат сончевата светлина да го поместат астероидот од курсот кон Земјата.

Леталото „OSIRIS-Rex“ нема да слета на „Bennu“. Примероците од површината на астероидот ќе ги собира со помош на три метри долга „рака“, која ќе ја спушти на астероидот. Собраните примероци ќе се складираат во специјална капсула и на тој начин ќе се донесат на Земјата. Научниците сметаат дека е можно вакви астероиди да ги донеле   потребните материјали на Земјата од кои се развил животот.

osiris-rex-sample-collection-closeup

Според предвидениот распоред:

Септември 2016 година: „OSIRIS-Rex“ ќе биде лансиран од Кејп Канаверал во Флорида

Август-септември 2018 година: Камерите од леталото ќе се обидат да го лоцираат „Bennu“, на оддалеченост од околу 1,3 милиони милји. Со камерите ќе се одредува големината на астероидот, брзината на вртење и дали има месечини.

Декември 2018: средба со „Bennu“. На оддалеченост од неколку милји, леталото ќе прави детално мапирање на астероидот, за да ги идентификува областите каде е најлесно да се земат примероци (како и опасните карпести места, за да ги избегне).

Јули 2020: Леталото ќе ја спушти „раката“ на површината на астеридот и ќе собере околу 60 грама материјал кој ќе го складира во капсулата.

Март 2021: „OSIRIS-Rex“  ќе го напушти „Bennu“ и заедно со капсулата ќе се упати кон Земјата.

Септември 2023 година: леталото ќе ги спушти примероците со падобран во Јута. „OSIRIS-Rex“, потоа ќе ја заобиколи Земјата и трајно ќе остане да орбитира околу Сонцето.

Текстот е објавен во изданието септември/октомври 2016 на списанието „Popular Science“.

Поддржете ја нашата работа: