Мистериозна болест на спиење во Казахстан

Повремено останувале во таква состојба и до шест дена, а по будењето имале главоболки, биле поспани и не се сеќавале на ништо. Некои луѓе доживувале и повремени онесвестувања како и многу живи халуцинации.

Од оваа состојба, што докторите ја дијагностицирале како „енцефалопатија од непознати причини“, никој не бил поштеден. Сите, вклучувајќи ги и малите деца и повозрасните лица, страдале од истите симптоми.

Првите сомнежи за тоа што ја предизвикува оваа појава паднале на фалсификуваната водка. Но, кога болеста зела широки размери, многумина почнале да се сомневат дека причината се наоѓа во блиските рудници за ураниум, кои биле затворени после распадот на Советскиот Сојуз. Само никако не можеле да утврдат зошто.


Сега научниците сметаат дека ја решиле мистеријата. Владата на Казахстан објави дека се работи за форма на труење со јаглероден моноксид и јаглеводороди кои во големи количини се ослободуваат во воздухот од старите рудници за ураниум. „Како резултат на тоа се намалува количината на кислород во воздухот, што е и причина за појава на болеста на спиење во овие села“- изјави за печатот, заменик-премиерот на Казахстан, Сапарбаев.

Ова има логика, со оглед на тоа дека јаглеродниот моноксид има 200 пати поголем афинитет да се врзе со хемоглобинот во крвта од кислородот, што значи дека и мали количини можат да го пресечат снабдувањето на мозокот со кислород.

Меѓутоа, не се сложуваат сите со ова објаснување. Клаудија Пијантадоси, специјалист за белодробни заболувања од Медицинскиот факултет при Универзитетот Дјук во САД, вели дека симптомите одговараат, но не се специфични, а тоа претставува проблем.

Покрај тоа, скоро е невозможно затворените рудници да испуштаат опасно високи количини на јаглерод моноксид, бидејќи тој се јавува при процесите на согорување.

Мистеријата можеби се’ уште не е решена. Во меѓувреме владата е во процес на евакуација на преостанатото население од овие две села, за да спречи ширење на болеста.

Поддржете ја нашата работа: