Според истражувањето на Универзитетот Бејлор, ваквата прекумерна употреба на мобилните телефони влијае на академскиот успех на студентите.
Во истражувањето се наведува дека 60% од испитаниците признале дека можеби се зависни од своите мобилни телефони, додека пак некои потврдиле дека се вознемируваат ако нивниот апарат не им е на дофат- вели Џејмс Робертс,авторот на статијата “Невидлива зависност: Употребата на мобилните телефони и зависноста помеѓу машките и женсите колеги студенти”.
Истражувањето, засновано на анкета на интернет спроведена на 164 студенти, опфаќа 24 активности на мобилен телефон. Кај 11 од тие активности има значителна разлика во користењето помеѓу машките и женските студенти. Се покажало дека некои од активностите меѓу кои „Pinterest“ и „Instagram“ се значително поврзани со зависноста од мобилните телефони, додека пак други, за кои логично би можело да се претпостави дека создаваат зависност како на пр. користењето на интернетот или игрите, се покажало дека не се.
Главните наоди од истражувањето покажале дека најмногу време студентите користат во пишување на СМС пораки (просечно 94,6 минути дневно), праќање е-пошта ( 48,5 мин.), „Facebook“ (38,6 мин.), сурфање на интернет (34,4 мин) и слушање музика (26,9 мин.).
Машките праќаат ист број на СМС пораки како и женските, но трошат помалку време на нив, што укажува на тоа дека праќаат пократки, покорисни пораки од своите колешки. Женските поминуваат повеќе време на своите мобилни телефони, најчесто праќајќи пораки, или е-пошта од социјални причини, за да создадат врска или да ја продлабочат комуникацијата. И машките, иако најчесто мобилниот им користи за покорисни работи и за забава, не се имуни на магијата на социјалните медиуми. Времето поминато на „Facebook“,„Twitter“ или „Instagram“, најчесто го користат за спортски настани, вести или едноставно за „губење време “.
Претераната или опсесивната употреба на мобилните телефони може да биде причина за конфликтни ситуации внатре и надвор од училиците, со професорите, вработените или семејството. Мобилните можат да обезбедат можност за мамење на часовите, во некои случаи пак да бидат средство за избегнување на непријатни ситуации, може да се преправаат дека зборуваат на телефон, праќаат СМС или слично.
“Истражувањето покажало дека употребата на мобилните телефони е своевиден парадокс во однос на тоа дека во исто време може да e ослободувачки и заробувачки ефект. Неопходно е да се идентификуваат оние активности кои ги претвораат мобилните телефони од корисна алатка во средство кое ја нарушува нашата и благосостојбата на другите луѓе”, вели професорот Робертс.
Активностите кои се испитувани во ова истражување вклучуват: СМС пораки, е-пошта, сурфање на интернет, е-банкарство, фотографирање, играње игри, читање книги, употреба на календар, часовник и бројни апликации, меѓу кои Библијата, „iPod“, „Google Maps“, „eBay“, „Amazon“, „Facebook“, „Twitter“, „Pinterest“, „Instagram“, „YouTube“, „iTunes“, „Pandora“ и други.