Деветгодишното момче Џуд Спаркс од Ново Мексико, шетајќи со своето семејството во градот Лас Крусес, се сопнало преку остатоци на огромни заби, па се заинтересирало и почнало да ги проучува. Неговото семејство мислело дека станува збор за вилица од голема крава или можеби череп од слон.
Семејството се обратило на професорот по биологија од Универзитетот во Ново Мексико Питер Хоуди, кој собрал тим за ископување, а шест месеци подоцна открил дека се работи за стегомастодон, стар 1,2 милиони години.
Стегомастодон е далечен роднина на слонот, сличен на мастодонтот. “Ова е навистина многу ретко откритие, фантастично е тоа што го пронајде толку млада личност”, вели професор Хоуди.
Во целиот свет досега всушност се пронајдени само неколку стотици фосили на стегомастодон, велат од Природонаучниот музеј во Ново Мексико, Спенсер Лукас. Во САД, ваквите фосили скоро и да не постојат.