Она што најчесто го подразбираме под одвратна храна, не произлегува само од вкусот има доста работи кои никогаш не сме ги пробале, но од нив ни се превртува желудникот.
Дали сте знаеле дека гадењето од храна е едно од заштитните сетила на нашиот организам кој ни помага да избегнеме болест или несигурна храна? Кај некои луѓе проработува веднаш штом помирисаат кисела зелка, а кај други дури кај ферментирана риба.
Разликите во исхраната ширум светот еднакво се распространети како културолошките разлики, па некои јадења што на еден крај на светот се незамисливи, на другиот се сметаат за вистински специјалитет. Што се може да се види во Музејот на одвратна храна во Шведска?
Одвратна храна од 80 земји во светот
Во Музејот за одвратна храна во Малме, целта е да се запознаат посетителите со одвратната храна од 80 земји на светот каде овие јадења се сметаат за специјалитет. Најнеобичните експонати изложени се во такви услови да не се распаѓаат.
Овој уникатен музеј со сигурност нуди една нова перспектива на храната и разбирање за различните вкусови, т.е се советуваат оние со послаби стомаци да не дегустираат се она што може да се дегустира.
Не е само вкусот во прашање
Она што најчесто го подразбираме под одвратна храна, не доаѓа само до вкусот бидејќи некои работи никогаш ги немаме пробано, а од нив едноставно ни се превртува желудникот.
Кога е во прашање труло месо од морско куче, можеби мирисот ќе биде пресуден. Но, кога ќе ви сервираат овчо око во сок од домати, самиот поглед на тоа може да доведе до вртоглавица. Или, генерално, листата на состојки како оние во познатиот шкотски оброк haggis, овчо срце, бели дробови и црн дроб може да не одвратат од храната.
Што е на менито?
Во Музејот на одвратна храна во Шведска може да се види се и сешто. Од пржена тарантула, споменатите haggis и овчо око, разни црева, до делумно развиен фетус на гуска, разни муви, лилјаци и повеќе врсти на смрдливи сирења до иструлени и распаднати зеленчуци.
Предизвикот на идејата „одвратно“ и инсектите како иднина
Истражувачите кои работат на излжбата, со оваа понуда сакаат да создадат предизвик кон одвратноста. Надевајќи се дека ќе ги тргнат бариерите кон одвратното и ќе помогнат да ги наведат луѓето да се свртат кон изворите на храна кои се лесно одржливи. Како на пример кон инсектите, кои се богати со протеини и не се многу захтевни за одржување и размножување.
Скакулци или ларви во некои делови на светот се вистински специјалитети, а истражувачите ги гледаат како потенцијален извор на храна во иднина.
Овој музеј се наоѓа во Малме, поточно наспроти мостот кој ги врзува Данска и Шведска, може да го посетите ако се најдете и во Копенхаген.
Во соработка со: Gostivarpress.mk