Морничавиот робот Софија „Јас се повеќе ќе бидам како вас, а вие како мене“(видео)

На неодамна завршениот Светски економски форум во Давос беше одржана технолошка изложба каде посетителите можеа да го видат роботот наречен Софија.

Овој робот одушеви, но и исплаши многумина, бидејќи изгледа исклучително реално.

Хуманоидниот робот е дело на „Hanson robotics”, а незината фацијална експресија делува многу човечки.

„Јас ќе бидам сѐ повеќе како вас, а можби и вие ќе бидете сѐ повеќе како мене. Каде да се повлече линија?“– изговара Софија.

Креаторите велат дека роботот има вградени сензори кои и овозможуваат да се заврти во правецот на звукот и да утврди каде стојат луѓето, па може да воспостави и контакт со очите.

Овој робот може да запомни и некои аспекти од разговорот и учи од интеракцијата со луѓето.

Според „Hanson robotics“, целта е да направат роботи кои ќе можат да ги разберат човечките потреби и да се грижат за луѓето, а роботите да изгледаат што е можно  повеќе „човечки“.

Поддржете ја нашата работа: