Се чини дека панголините се едни од најнеобичните цицачи на планетата.
Фамилијата панголини се состои од вкупно осум различни видови кои и населуваат областите на Азија и Африка (по 4 вида на континент). Иако од деветригестиот оклопник генетски се разликуваат како хрчак од мајмун, најслични се по изглед.
Панголините се плашливи и кротки ноќни животни. Со своите долги канџи копаат по земјата во потрага по инсекти и мравки кои ги ловат со нивниот долг и тенок јазик, кој им е подолг од нивното тело.
Целото тело им е прекриено со лушпи, што ги прави единствени.
Во случај на опасност се собираат како речиси непробојна топка и испуштаат непријатен мирис кој ги брка повеќето напаѓачи. За жал, овој мирис не ги брка и луѓето.
Иако нивните лушпи немаат примена во медицината, со оглед на тоа што се составени од кератин – како човечките нокти, претставуваат составен дел од традиционалната медицина во Азија.
Месото од панголин во различни култури во источна Азија се смета за луксузна храна. Килограм месо достигнува цена од 250 долари.
Истражувањата покажуваат дека во текот на изминатата деценија од дивината се уловени преку милион единки панголини, како и дека не се знае бројката на единки кои останале да се размножуваат.
Ловот на панголини е забранет со закон во овие области.