Каков вкус има човечкото месо?

Дали некогаш сте се запрашале каков вкус има човечкото месо?

Грег Фур, презентер на научни вести во „BBC“ сакал да дознае и решил да спроведе еден експеримент. Не губел време на волонтери и направил биопсија на сопствениот бут.

Со биопсијата му бил земен примерок од сврзното ткиво, што е слично на мускулите кои се наоѓаат на пилешките гради и има слични влакна кои можат да се најдат во говедското месо.

Бидејќи во Велика Британија е нелегално да се јаде сопственото месо (а и Грег во секој случај не би го направил тоа), научници во лабораторија ја анализирале аромата на зготвено човечко месо.

Аромата на храната сочинува 80% од вкупниот состав на вкусот. Едно истражување објавено во „Scientific American“ вели дека мирисот на храната не само што влијае на нашата перцепција на вкусот, туку е и важен дел од вкусот.

Така, научниците прво направиле микроскопска анализа на ткивото на Грег, а потоа го тестирале хемиски и го зготвиле во машина која ја заробува аромата. При овој процес се добило зготвено човечко месо кое мирисало слично како гулаш.

Откако ги добиле резултатите од хемиската анализа, научниците ја искористиле најсличната хемиска комбинација на меса што можеле да ги најдат (пилешки гради, стек и свинско месо) за да го реплицираат човечкото месо и за Грег да може да го изеде.

Погледнете го видеото!

Се разбира, човечкото месо не е добро за здравјето, и покрај вообичаените болести кои може да се пренесат, може да се пренесе и неизлечливата и фатална болест наречена куру, која всушност претставува човечка форма на кравјото лудило и е откриена кај канибалистичките племиња во Папуа Нова Гвинеја.

Поддржете ја нашата работа: