Научници докажаа вонземска материја во Африка

Научниците од Центарот за молекуларна биофизика во Франција, во карпи од Јужна Африка, стари повеќе од три милијарди години, откриле специфични хемиски елементи за кои тврдат дека имаат вонземско потекло.

Во нивниот научен труд наведуваат дека елементите никел, хром и железо, пронајдени во трагови, се невообичаени за карпите што настанале за време на еволуцијата на Земјата.

Дополнително, истражувачите откриле плиток слој на карпи меѓу кои постоеле два вида на нерастворени вонземјени органски материи, односно молекули на јаглерод.

„Ова е првпат да пронајдеме вистински докази за вонземски јаглерод во нашите карпи“, изјавил Франц Вестал, астробиолог од Центарот за молекуларна биофизика.

Во заклучокот, научниците изнеле теорија дека вонземјанската органска материја паднала на земјата со миктометеорите кои се помешале во атмосферата со вулканската пепел, а потоа биле заробени во вулканските карпи на планината Маконџва во Јужна Африка.

enauka.mk
9,244наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,762денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.