Дали сте добра личност?

Дали сте од оние кои даваат повеќе или оние кои сакааат да искористуваат? Научниците откриле делови во церебралниот кортекс кои се одговорни за великодушноста – и според ова некои од нас се пољубезни од другите.

Овие области се откриени со помош на компјутерска игра во која се поврзувале разни симболи со парична награда, која можела да оди или кај играчот, или кај другиот учесник во истражувањето. Волонтерите лесно учеле како да освојат награда која им помага на другите, но уште побрзо учеле како да имаат корист за себе.

Скенирањата со магнетна резонанца покажале дека кога учесниците избирале да бидат великодушни, односно кога приоритет им давале на другите, наместо самите да добијат награда, во нивниот мозок  се активирала посебна област наречена „subgenual anterior cingulate cortex“.

Меѓутоа Патриша Локвуд и нејзиниот тим од Униврзитетот во Оксфорд откриле дека оваа мозочна област не е подеднакво активна кај секој волонтер. Лицата кои себеси се рангирале со повисоко ниво на емпатија, побрзо научиле како да им овозможат на другите да имаат корист и тие луѓе имале поголема активност во оваа мозочна област.

Овие наоди можат да овозможат нови начини на идентификација и подобро разбирање на анти-социјалното однесување и психопатското однесување.

Поддржете ја нашата работа: