Отпечатоците од прст покажуваат и нешто повеќе од идентитетот?!

Со помош на напредна спектроскопија, истражувачите од Националниот институт за стандарди и технологија во Гетерсбург, Мериленд –САД, успеале да детектираат и идентификуват исклучително мали дамки од кокаин, метамфетамин и хероин. Во некои случаи овие количини може да изнесуваат еден трилионити дел од грам, од само еден отисок од прст.

Истражувачите ги калибрилале своите спектроскопски техники со користење на „ink-jet“ печатени делови од познати количини дрога, за да измерат и ронки од хемикалиите. Потоа, со 3Д печетени пластични прсти и синтетичка верзија на мастите од прст, истражувачите креирале отисок од прст извалкан со дрога и пренесен на хартија или силициум.

На хартијата, истражувачите успеале да детектираат исклучително мали количини од дрога, како 1 нанограм кокаин и над 50 нанограми од метамфетамин и хероин. На силициумот, овој систем можел да одреди толку мали количини, како 8 пикограми од  кокаин и хероин и околу 1 нанограм од метамфетамин.Истражувачите, исто така, можеле да ја посочат и локацијата каде се наоѓа дрогата на отпечатокот од прстот  – на пример дали се наоѓа на испакнатите или вдлабнатите делови од отпечатокот. Овие информации, велат авторите, ќе можат да им помогнат на истражувачите да откријат со кои хемикалии осомничениот бил во допир и во која временска рамка се случиле криминалните настани.

Истражувањето  е објавено во списанието „Analytical Chemistry.“

 

Поддржете ја нашата работа: