На кој начин се движат сперматозоидите ?

Како успева еден сперматозоид  да победи десетици милиони други сперматозоиди во трката да оплоди јаце клетка?

Според едно ново истражување, одговорот е веројатно затоа што има „наjдобро чувство за ритам“.

Анализирајќи на кој начин се движат сперматозоидите, научниците дошле до- како што ја нарекуваат „едноставна математичка формула“, со која се објаснува што се случува. Тие откриле дека движењата на „главата“ и „опашката“ што ги прави секој сперматозоид, содаваат бранови, слични како оние од  магнетното поле што го прават магнетите.

Иако, сперматозоидите навидум хаотично се движат преку придвижување  на главата и опашката,  сепак се работи за нешто многу поорганизирано.

„ Спермата на многу координиран начин ја поместува течноста околу себе, за да може да се движи, што не се разликува многу од начинот на кој магнетното поле се формира околу магнетот. Поголемиот број од  сперматозоидите  не може да се избори со отпорот, но неколку од нив успеваат да се движат напред“ вели др. Хермес  Гаделха од Универзитетот Јорк.

„Голема вистина е кога научниците ќе речат дека е вистинско чудо како еден сперматозоид успева да оплоди јајце клетка, но најверојатно човечкото тело има многу софистициран систем кој одбира  кој сперматозоид ќе ја оплоди јајце клетката“– додава Гаделха.

Во оваа фаза истражувањето било  фокусирано на движењата на еден сперматозоид, но во следниот чекор ќе се обидат да направат модел за поголем број, што се надеваат ќе им помогне да откријат поефикасен третман за машката неплодност.

Истражувањето е објавено во  „Physical Review Letters“

Поддржете ја нашата работа: